За време на првиот квартал годинава странските инвестиции во руската економија изнесуваат 60,4 милијарди долари, што е за 65,4% повеќе од 2012 година. Овие податоци ги објави Федералната служба за државна статистика (Росстат). Од друга страна, Русија во странство инвестирала 92,3 милијарди долари, што е три пати повеќе отколку во истиот период во 2012 година.
Заклучно со март 2013 година, странскиот капитал кој е вложен во руската економија изнесува 364,9 милијарди долари, што е за 12,9% повеќе отколку во истиот период минатата година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче