Забрзувачот на протони кој е создаден во Физичкиот институт „Лебедев“ ќе се користи за лечење на онколошки заболувања во САД. Рускиот изум победи на тендерот на еден од најголемите медицински центри во САД - Општата болница во Масачусетс.
„Во високотехнолошкото лечење на онколошките заболувања водечка улога играат електронските забрзувачи кои го бомбардираат ракот со гама-зраци. Основниот недостаток при овој вид лечење е во тоа што освен заболените делови, се уништуваат и здравите делови од ткивото. Суштествено се минимизира проблемот користејќи друг вид забрзувачи - протонски (речиси не влијаат врз здравите клетки на организмот)“, се кажува во извештајот на Физичкиот институт.
Рускиот апарат се разликува и со тоа што преку него може полесно да се сосредоточат гама-зраците на заболеното ткиво. Во американските болници се планира оваа година да се испорачаат барем четири вакви апарати од Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче