Руските масони и нивните тајни: изложба во Ермитаж

Во Пикетната сала на Зимскиот дворец во Санкт Петербург се отвори изложба „Споменици на масонството во XVIII и XIX век“. Изложбата ја сочинуваат околу 400 експонати, меѓу кои има вистински предмети од масонските обреди и ритуали.

Во Пикетната сала на Зимскиот дворец во Санкт Петербург се отвори изложба „Споменици на масонството во XVIII и XIX век“. Изложбата ја сочинуваат околу 400 експонати, меѓу кои има вистински предмети од масонските обреди и ритуали.

Масонството официјално постои во Русија од 1730-те години, а кон крајот на XVIII бил забранет од Екатерина Втора, а потоа повторно се практикува со дозвола на нејзиниот син Павел I. Масони биле барем три руски императора, но, секако, официјални податоци за тоа нема.

Денес во Русија најпознат масон е претседателот на малата демократска партија на Русија, Андреј Богданов, кој дури и се кандидираше за претседател на изборите (освои 1,3%).

Чудната традиција продолжува во Русија и после долгата советска пауза (а треба да се каже дека некои истражувачи сметаат дека самата советска власт била дел од масонеријата во светот).

На изложбата во Ермитаж има околу 400 предмети - чеканчиња, шестари, книги слики, ѕвезди, очи, ракавици, мечови, сѐ што се користи во масонскиот ритуал.

Познато е дека активни масони во Русија биле Петар Трети, Екатерина Втора и Александар Први. Во движењето влегувале и претставители на воената елита, на пример Александар Суворов и Михаил Кутузов. Основните идеи на ложите, односно тајните општества биле поврзани со просветителската философија и практичната филантропија.

Како се појавило масонството во Русија - изложбата не објаснува. Уште кон крајот на 17 век Петар Први заминал во рајот на масоните - во градот Амстердам, каде се сретнал со сер Кристофер Рен и Исак Њутн, познати масони во своето време. Не е познато што се случило после тие средби.

Масоните се занимавале со благотворство и плеткале заговори. Половината од генералите за време на Наполеоновите војни биле масони, и речиси сите организатори на востанието на Декабристите во 1825 година биле масони.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 1 септември 2013 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.