Режисерот Дарја Белова од Санкт Петербург, која во моментов е студентка на Академијата за кино и телевизија во Берлин, освои награда во Кан за својот краткометражен филм „Оди и играј“. Делото на Белова е единствен германски филм кој се најде во програмата „Меѓународна недела на критиката“.
Овој филм раскажува за берлинско момче кое си игра војна која се претвора во реалност. 30-минутниот филм ги покажува односите меѓу Русите и Германците после случувањата во Втората светска војна, и тој стана трето дело на Белова, која претходно има настапено и како сценарист.
Дарја Белова го заврши Филолошкиот факултет во Санкт Петербург, после што работела како новинарка. Од 2008 година таа учи во Германската кино и телеакадемија во Берлин. Според зборовите на Дарја Белова, Берлин во неа буди посебни чувства, бидејќи таму се осеќа минатото и војната - имињата на некои улици кои се зачувале на ѕидовите на старите згради сѐ уште имаат траги од куршумите. Сето тоа се слева со реалноста во филмот со суреалистичка логика.
Премиерата на овој краткометражен филм се одржа на 20 мај.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче