Олимписките игри во Сочи се најскапата олимпијада која било когаш е организирана. За 8 години подготовки за неа се потрошени 51 милијарда долари. Само за споредба, Игрите во Пекинг чинеа 45 милијарди долари, додека Лондон потроши за своите Игри во 2010 само 30 милијарди долари. Како и во случајот со Кина, Русија ги троши парите на модернизација на градската инфраструктура, а само 7 милијарди долари заминаа за непосредно создавање на олимписките објекти.
Останатите 43 милијарди долари потрошени се најмногу за изградба на транспортна инфраструктура (20,9 милијарди долари). Во Сочи се изградени, односно ќе бидат завршени 260 километри патишта, како и 30 железнички платформи.
Исто така, во регионот до самото изгласување на Сочи за место каде ќе се одржат Игрите, имаше голем недостиг од електрична енергија кој беше компензиран со увоз од другите региони на Русија. Пред неколку години регионот генерираше само 100 МВт енергија, а трошел 400 МВт. Во моментов се градат капацитети кои ќе произведуваат 1.424 МВт, со што енергетскиот проблем ќе биде решен не само за Олимпијадата, туку и за многу години после неа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче