Компанијата Јота на изложбата CTIA 2013 во Лас Вегас го претстави мобилниот рутер „Руби“ со Е-инк екран, кој обично се користи во електронските книги.
На црно-белиот екран во долниот дел на рутерот е покажува потрошеноста на батеријата и колку уреди се приклучени на рутерот. На овој начин, со ваков екран - батеријата се троши далеку помалку, отколку со другите видови решенија.
Батеријата има 2.100 милиампер-часови и истата се полни до 70% за еден час. Овој рутер од компанијата „Јота“ работи 60 часа во режим на мирување, а 20 часови при активна работа со интернет, или 12 часови доколку се гледа видео.
Рутерот работи со мрежите GSM, UMTS и LTE. Со него може да се создаде отворена мрежа (без шифра) или затворена Wi-Fi мрежа.
Во овој мал уред има просто за микро-СИМ картичка и двоен приклучок (USB и micro-USB).
Цената на овој уред ќе изнесува околу 120 долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче