Здруженото претпријатие, создадено од „Сименс“ и „Синара“ во Свердловската област во Русија започна со производство на електричните возови „Ласточка“ („Ластовичка“), пренесе денес германската компанија.
„Сименс“ во соработка со „Синара“ започна со производство на 1.200 вагони за „Ласточка“ за Руските железници, се кажува во соопштението на компанијата.
„Ласточка“ ќе биде воз создаден до 80% руски делови, а од странство ќе дојдат само 20% од составните елементи.
Овој воз е избран како официјален воз за превезување на патниците за време на Олимпијадата во Сочи. За оваа цел се нарачни 54 возови. Во јануари годинава „Ласточка“ започна со работа меѓу Санкт Петербург и Велики Новгород.
„Ласточка“ може да развие 160 километри на час, како и да работи на температури од минус до плус 40 степени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче