Руската железница потпиша договор за изградба на железничка инфраструктура и испорака на возови во Србија

„Руските железници“ и „Српските железници“ потпишаа договор за изградба (реконструкција) на објекти од железничката инфраструктура и испорака на дизел возови во Србија.

„Руските железници“ и „Српските железници“ потпишаа договор за изградба (реконструкција) на објекти од железничката инфраструктура и испорака на дизел возови во Србија.

Договорот е потпишан во рамките на договор меѓу владата на Русија и владата Србија за издвојување на извозен кредит во големина од 800 милиони долари.

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека српската страна ќе додаде на таа сума уште 15%. „Тоа значи дека вкупниот износ на оваа трансакција ќе биде над 940 милиони долари. Од овие средства, 100 милиони долари се наменети за купување дизел возови“, изјави премиерот на новинарите.

Дизел возовите во Србија ќе ги испорача „Метровагонмаш“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња