Русија ќе го финансира српскиот дел од „Јужен тек“ во износ од 1,7 милијарди евра

Руската страна ќе го финансира српскиот дел од „Јужен тек“ во износ од 1,7 милијарди евра и е подготвена во наредниве години да вложи уште 1,5 милијарди евра. Ова го изјави претседателот Путин после разговорот со претседателот на Србија, Томислав Николиќ.

„Изградбата на српскиот дел е предивдена за крајот на оваа година“, истакна тој. „Вкупната вредност е 1,7 милијарди евра, а руската страна во целост го презема финансирањето“, изјави Путин.

„Го известив господинот претседател за тоа дека руската компанија во наредните неколку години планира да вложи уште 1,5 милијарди евра во проектот“, додаде претседателот на Руската Федерација.

Според зборовите на Томислав Николиќ, Србија е заинтересирана за развој на економската соработка со Русија. Таквата соработка има голем потенцијал за раст од страна на двете земји, изјави Николиќ, додавајќи дека соработката има посебно значење во областа на земјоделството. Николиќ изјави дека неговото раководство активно е вклучено во обновата на српското земјоделство, во привлекувањето на странски инвестиции за да биде економијата на земјата конкурентна и да има доволно стоки за да го снабдува големиот руски пазар. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња