Србија и Русија станаа стратешки партнери

Русија и Србија потпишаа декларација за воспоставување на стратешко партнерство кое ги опфаќа сите сфери на соработка, вклучувајќи ја и политиката, трговијата, економијата, културата, науката, техниката и образованието.

Русија и Србија потпишаа декларација за воспоставување на стратешко партнерство кое ги опфаќа сите сфери на соработка, вклучувајќи ја и политиката, трговијата, економијата, културата, науката, техниката и образованието.

Како што се наведува во текстот на декларацијата, стратешкото партнерство меѓу двете земји се базира на заеднички демократски вредности, а исто така и на принципите на суверенитетот, еднаквоста и територијалниот интегритет на државите, немешањето во нивните внатрешни работи, неделивоста на меѓународната безбедност - обврска државите да не ја јакнат својата безбедност на сметка на безбедноста на други држави, мирно регулирање на конфликтите, заемно почитување и заемна корист.

Партнерството има за цел да ги помести односите меѓу Русија и Србија на највисоко ниво.

Стратешкото партнерство предвидува развој на соработката во областа на политичката координација на билатералните, регионалните и меѓународните односи; заедничка работа во рамките на ООН и другите меѓународни организации со цел да се поддржат напорите на меѓународната заедница кои се насочени на мирно решавање на регионалните и меѓународните проблеми и конфликти; реформа во ООН со цел јакнење на централната улога на организацијата и понатамошно зголемување на нејзината активност и ефикасност; чување на мирот и безбедноста во Европа; борба против ширењето на оружјето за масовно уништување и други предизвици од глобален карактер и т.н.

Освен тоа, партнерството подразбира билатерална трговско-економска размена, деловни контакти, промовирање на заеднички инвестиции, соработка меѓу Министерствата за внатрешни работи на двете земји во борбата против организираниот криминал, трговијата со дрога и тероризмот и т.н. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.