Државната руска програма за вооружување со нови рокови

Исполнувањето на државната програма за оружје може да биде поместено за неколку години.

Министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов изјави дека Министерството за финансии и Министерството за одбрана разговараат за можноста да се преместат дел од расходите за Државата програма за вооружување од 2011 до 2020 за две до четири години. Извори од министерството за одбрана за „Комерсант“ тврдат дека во случај да се донесе вакво решение, набавувањето на новата техника ќе започне покасно. Дел од нив можат да бидат пренесени во новата Државна програма за 2016-2025 година.

Основниот проблем за навременото исполнување на моменталната програма, според изворите на „Комерсант“ се „премногу оптимистичните показатели кои се земени предвид при нејзиното составување“. Програмата е предвидена да се реализира со постојано присуство на пари во буџетот и стопроцентна готовност на претпријатијата да ја исполнат.

„Решението за пролонгација на државната програма е неизбежно“, кажува заменикот директор на Центарот за анализа на стратегии и технологии, Константин Макиенко. „Процесот постојано касни од месец на месец, од година во година,  затоа нема друг избор“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.