Третина од Русите планираат да ги подобрат своите станбени услови во следниве 3 години

Третина од Русите планираат да ги подобрат своите станбени услови во следниве 3 години. Тоа планираат да го направат или со хипотека, кредити или на други начини.

Третина од Русите планираат да ги подобрат своите станбени услови во следниве 3 години. Тоа планираат да го направат или со хипотека, кредити или на други начини.

Најголем дел од граѓаните кои планираат да направат нешто околу своето станбено прашање - се млади лица од 18 до 24 години, се кажува во истражувањето на Националната агенција за финансиски истражувања (НАФИ).

67% од Русите не планираат ништо да менуваат на тоа поле. 3% немале одговор. Од тие што сакаат да ја променат ситуацијата со кровот над главата - 38% планираат реновирање, 32% - купување или изградба на станбен простор, 11% - ќе го променат станот, а 4% ќе добијат бесплатен станбен простор во рамките на државните програми. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.