Станицата „Северен пол-40“ се подготвува за евакуација поради топењето на мразот

Руската арктичка станица „Северен пол-40“ ќе биде евакуирана, бидејќи мразот на кој се наоѓа почнува да се раскршува, со што околу станицата веќе има формирано пукнатини, соопшти координаторот Владимир Соколов.

Руската арктичка станица „Северен пол-40“ ќе биде евакуирана, бидејќи мразот на кој се наоѓа почнува да се раскршува, со што околу станицата веќе има формирано пукнатини, соопшти координаторот Владимир Соколов.

На 28 мај тој заедно со 30 учесници на експедицијата ќе полета во Мурманск, од каде со мразокршач ќе замине да ја евакуира станицата.

На СП-40 во моментов се наоѓаат 16 луѓе - метеоролози, аеролози, океанолози, хидрографи, хидрохемичари и еколози. Тие ја изучуваат и набљудуваат состојбата на водата, ледот и атмосферата и ги праќаат резултатите до светските центри за анализа на податоците и создавање на метеоролошки прогнози.

Станицата ќе биде евакуирана и нема да биде преместена на побезбедно место. Решение за ново место за станицата може да биде донесено во август.

Евакуација на поларна станица не е новост. Ова е втор пат да се случи евакуација за последниве неколку години. Последниот пат тоа се случи со СП-37 во 2010 година. Причините тогаш беа исти - аномално високи температури. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња