Србија почна да го гради „Јужен тек“

Србија ја започна изградбата на својот дел од гасоводот „Јужен тек“.

Србија ја започна изградбата на својот дел од гасоводот „Јужен тек“. Како што пренесува ИТАР-ТАСС, тоа го изјавил претседателот на Србија, Иван Николиќ за време на средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин. Кога започнала изградбата, Николиќ не прецизирал.

Во почетокот на април Москва и Белград потпишаа договор за доделување кредит на Србија во големина од 500 милиони долари. Каматата по тој кредит ќе изнесува 3,5 проценти, а Србија ќе започне да го исплаќа кредитот после две години. Медведев ги објасни добрите услови на кредитот како резултат на добрите односи меѓу двете држави.

Кон крајот на март „Гаспром“ исто така потпиша договор со Србија до 2021 година. „Гаспром“ ја намали цената за Србија за 13% - до 399 долари за илјада кубни метри гас (дополнително е предвидено намалување на цената до 370 долари).

Првите испораки на гас по „Јужен тек“ ќе започнат кон крајот на 2015 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња