Ситуацијата со хипотеките во Русија тешко дека ќе се развива според американското сценарио, изјави Владимир Путин на средбата со бизнисмените.
„Јас мислам дека нашите банки нема да дозволат ситуацијата со хипотеките да се развие како онаа што ги снајде САД“, изјави претседателот.
Сепак, Путин се согласи со бизнисмените дека се потребни реформи во сферата на кредитирањето.
Најголемите хипотекарни компании во САД - Fannie Mae и Freddie Mac - се сметаат за едни од најголемите виновници за светската криза во 2008 година. Нивните дејства доведоа до појава на „меур“ на пазарот на недвижнини во САД, со кој и започна рецесијата во светската економија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче