Нова подрубрика на „Руска реч на македонски“

Од денес ќе можете да ја посетите новата подрубрика на нашата интернет-страница.

Од денес, вам, почитувани читатели, ќе ви биде достапна нова подрубрика на интернет-страницата на „Руска реч на македонски“. 

Станува збор за подрубриката „Визуелен речник“ во рубриката „Мултимедиа“. 

Како што кажува самото име, станува збор за слики од секојдневниот живот со сите пропратни зборови кои одат со нив (на руски и македонски јазик). 

Како прв медиум на руски јазик во Македонија ќе се трудиме да не бидеме статични, туку ќе се трудиме постојано да ви нудиме нови, интересни материјали за сечиј вкус. 

Ви благодариме што верувате и што сте со нас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.