24 мај - Денот на словенската писменост и култура

Прославувањата во чест на Денот на словенската писменост и култура денес се одржуваат насекаде во словенскиот свет.

Прославувањата во чест на Денот на словенската писменост и култура денес се одржуваат насекаде во словенскиот свет. Во Москва патријархот Московски и на цела Русија, Кирил, изврши богослужба во Успенскиот собор во Кремљ. Подоцна е планирано одржување на празничен молебен.

Руската Православна Црква со поддршка на московската влада и министерството за култура на Русиај за прв пат ќе одржи на Црвениот плоштад концерт на кој ќе прозвучат најпопуларните песни за Русите. Тие ќе бидат исполнети од 30 професионални хорови со околу 2.000 луѓе. Тие што не можат да дојдат на концертот можат да погледнат пренос во живот на телевизискиот канал „Култура“.

„Тоа ќе биде случка без преседан. Концертната програма е специјално направена за да нема непознати песни. Избрани се детски, народни, а исто така и песни од воените години“, изјави претседателот на Синодалниот оддел при Московската патријаршија, Владимир Легојда. Тој забележа „дека на овој ден ние се враќаме кон изворите на културата на словенските народи и кон иднината која без минатото не може да постои. Овој празник сведочи дека словенската култура има свое лице, и ние имаме што да кажеме за тоа“, подвлече тој.

Московјани ги чекаат и отворени часови по руски јазик и литературни читања. Филолозите и лингвистите ќе раскажат за особеностите на современиот руски јазик, за библиотеката на Алксандар Први и архивите на „самиздат“. Во рамките на акцијата „Литературна Москва“ актерите ќе читаат за жителите на главниот град стихови и проза од руските класичари кај спомениците на Есенин, Гогољ, Цветаева, Пушкин и Лермонтов. Ќе има и изненадување - некои од имињата на улиците во Москва ќе добијат имиња на повеќе словенски јазици. Табличките на некои од московските улици ќе раскажат за користењето на кирилицата во другите држави: имињата ќе бидат преведени на украински, белоруски, бугарски српски и македонски јазик. Вкупно во Москва се планирани околу 200 манифестации за денешниов голем празник.

Денот на словенската писменост и култура - е единствено црковно-државен празник во Русија. Тој се одбележува во чест на светите Кирил и Методиј, во чест на нивното наследство и влијанието врз развитокот на руската култура и литература, за заедничките корени на словенските јазици. Просветителите создадоа словенска писменост и ги превеле од грчки јазик Библијата и богослужбените книги, станувајќи со тоа првоучители на словенските народи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња