Во Владивосток се појави ѕид специјално наменет за графити

Во Владивосток се појави ѕид на кој официјално е дозволено цртање графити.

Во Владивосток се појави ѕид на кој официјално е дозволено цртање графити. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на градската админитрација.

Според податоците на агенцијата, веќе се пријавиле неколку екипи улични уметници.

„Сметаме дека посветувањето на посебни места за цртање графити ќе ни дозволи да решиме веднаш неколку проблеми. Уметниците ќе добијат можност за самоизразување, при што нема да страдаат фасадите на зградите“, изјавено е на прес-службата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња