Успешно е тестирана нова верзија на ракетата „БраМос“ која Русија ја произведува заедно со Индија

Денес од фрегатата „Таркаш“ во Индија успешно беше лансирана бродската хиперсонична ракета „БраМос“.

Денес од фрегатата „Таркаш“ во Индија успешно беше лансирана бродската хиперсонична ракета „БраМос“ - продукт на руско-индиската соработка. ИТАР-ТАСС пренесува дека оваа ракета ја создаде „БраМос аероспејс“.

„Ракетата ја прелета максималната далечина од 290 километри“, појасни директорот за маркетинг на компанијата, Правин Патак. „Ракетата демонстрираше висока точност на движење по зададената траекторија и ја уништи зададената цел“.

Ракетата „БраМос“ е способна да уништи цели на далечина од 290 километри, вклучувајќи и цели на височина на 10 километри височина. „БраМос“ веќе се наоѓа во вооружувањето на копнената војска на Индија, а со неа се опремени и бродовите на Морнарицата на Индија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња