Русија стана лидер во Европа според бројот на измами со банкарски картички во 2012 година, се наведува во податоците на компанијата FICO. Загубите од ваквите измами во Русија се зголемени за 35%, што е најголем раст во Европа.
Во 2010 година штетата од измами со кредитни картички во Русија беше три пати помала. Според резултатите од минатата година, Русија генерирала 6% од вкупните загуби во Европа, т.е. 91 милиони евра. Во 2006 година овој показател изнесувал 2%, а сега тој е поголем дури и од Германија и се приближува на оној во Шпанија.
Сепак, според обемот на загуби поради измами со кредитни картички - во Европа води Франција (со 29% од сите загуби), надминувајќи ја Велика Британија (27%).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче