„Росатом“ контролира 20% од наоѓалиштата на ураниум во САД

Руската корпорација „Росатом“ контролира една петтина од сите резерви на ураниум во САД.

Руската корпорација „Росатом“ контролира една петтина од сите резерви на ураниум во САД. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на раководителот на корпорацијата, Сергеј Кириенко. „Ако ни треба тој ураниум, ние можеме да го искористиме било кога“, забележа Кириенко.

Според неговите зборови, „Росатом“ не само што успеа да ја востанови работата на наоѓалиштата кои се користат од советско време, туку и го прошири кругот на работа и во нови наоѓалишта.

„Освен ова, ние успеавме да добиеме наоѓалиште во Казахстан и Австралија, а неодамна добивме лиценца за ископување дури во Танзанија“, подвлече шефот на корпорацијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња