Обама му вети на Патрушев дека ќе ги зацврсти односите со Русија

Николај Патрушев се сретна со Обама.

Претседателот на САД, Барак Обама, за време на средбата со секретарот во Советот за Безбедност на Русија, Николај Патрушев, ја потврди намерата да ги зацврсти билатералните односи со Русија, вклучувајќи ја и економската сфера, соопшти официјалниот претставник во советот за национална безбедност на САД, Кејтлин Хајден.

„Тие исто така ја оценија важноста од зацврстувањето на антирерористичката соработка и неопходноста од политичко решавање на проблемот во Сирија“, изјави Хејден. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња