Комисија на Роскосмос бара виновници за мртвите глувци на капсулата „Бион-М“

Специјална комисија од Роскосмос треба да разјасни кој е виновен за мртвите глувци и рипки кои се вратија од вселената со капсулата „Бион-М“.

Специјална комисија од Роскосмос треба да разјасни кој е виновен за мртвите глувци и рипки кои се вратија од вселената со капсулата „Бион-М“. Ова го изјави заменикот на директорот за наука во Институтот за медицинско-биолошки проблеми, Владимир Сичев.

„За жал, изгубивме еден блок и изгубивме 15 глувци. Зошто откажа дел од опремата - ќе разјаснува специјална комисија која е создадена од Роскосмос“, го цитира „Интерфакс“.

Претходно беше познато дека умреле само глувците, а покасно стана јасно дека и рибите не преживеале.

„После 12 дена од лансирањето на апаратот престанала да доаѓа светлина во капсулата, поради што не се синтетизирале алги, и рибите не преживеале“, изјави тој.

Соопштено е дека полжавите преживеале, хранејќи се со тоалетна хартија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња