Foreign Affairs: шпионската игра меѓу Русија и САД се игра по правилата на „студената војна“

Фаќањето на агентот на ЦИА, Рајан Фогл предизвика бура во медиумите, која може да се спореди со оние во времето на „студената војна“.

Фаќањето на агентот на ЦИА, Рајан Фогл предизвика бура во медиумите, која може да се спореди со оние во времето на „студената војна“, пишува Foreign Affairs. После ова медиумско шумење, се откри уште една депортација од Русија - се работи за американскиот правник Томас Фајерстоун. Ако се открие во Канада или Велика Британија шпионска дејност на САД, ќе се случи скандал, но не треба да бидеме изненадени за тоа дека САД имаат шпионска дејност во Русија, се кажува во статијата.

Единствено изненадување во сево ова, според авторите, е тоа што Москва ја направи случката со Фогл јавна. „Русија, како и порано, сака ги понижи САД јавно. Руско-американските односи не се до толку напрегнати како во времето на „студената војна“, но шпионските игри сѐ почесто се водат по истите стари правила“, сметаат новинарите.

Администрацијата на Барак Обама и така има многу други проблеми и нема време и сила за трошење за да ја разбере Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња