Анкета на BBC: сликата за Русија во странство се влошува

Мислењето за Русија во светот се влошува, пренесува руската служба BBC, повикувајќи се на анкетата која е извршена од корпорацијата насекаде низ светот.

Мислењето за Русија во светот се влошува, пренесува руската служба BBC, повикувајќи се на анкетата која е извршена од корпорацијата насекаде низ светот.

Од 25 држави во кои е одржана анкетата, само во 8 држави има позитивно мислење за Русија, 15 негативно се изјасниле за влијанието на Русија во светот, а во Нигерија и Египет мислењето е поделено.

Позитивно мислење за Русија имаат 30% од анкетираните (1% помалку отколку во 2012 година).

Најблагонаклоно мислење за Русија имаат во Гана (56%), Кина (44%) и Чиле (42%). Мислењето е нагло влошено во САД - 59% (од 47%), а позитивно мислење за Русија во САД имаат само 23% од жителите.

Најлошо мислење за Русија, како и минатата година - има Франција со 63%, Германија - 61% и Велика Британија со 57%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња