Анкета: Брежњев е најдобриот водач во ХХ век, најлош е Горбачов

Најдобар водач во ХХ век за Русите е Леонид Брежњев, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на податоците од анкетата на Левада-центарот.

Најдобар водач во ХХ век за Русите е Леонид Брежњев, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на податоците од анкетата на Левада-центарот.

Позитивно за Брежњев се изјасниле 56% од анкетираните, а негативно - 29%. Брежњев владееше со СССР од 1964 до 1982 година.

На второто место според популарноста е Владимир Ленин. За него позитивно се изјасниле 55%, а 28% - негативно. После нив следува Сталин со 50% позитивни одговори, а 38% - негативни. Притоа, за царот Николај Втори 48% се изјасниле позитивно, а 21% негативно, додека за Никита Хрушчов позитивно се изјасниле 45%, а некативно 35%.

Најлошо котира во Русија Михаил Горбачов. Од него не се задоволни 66% од граѓаните, како и од Борис Елцин - 64%. Позитивно нив ги оцениле само 21%, односно 22% од граѓаните.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.