Во Белото море се подготвува фабричко тестирање на новата балистичка ракета - „Скиф“, која има способност да се наоѓа на морското или океанското дно во режим на чекање и после дадена команда да гаѓа надземни и подводни цели. Се планира тестирањето на ракетата да заврши до крајот на годината.
Електро-дизел подморницата „Б-90 Саров“, специјално направена за ваквите испитувања, ќе ја постави ракетата на дното на Белото море. На подморницата е инсталиран торпеден апарат со зголемен пречник (околу 1 метар) и специјални балистички цистерни кои би требале да ја компензираат тежината на исфрлената ракета и да ѝ помогнат на подморницата да ја зачува стабилноста.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче