Русија ќе ги исклучи од составот на морнарицата и ќе рециклира две од трите најтешки стратешки ракетни подморници - подморниците од класата „Ајкула“: „Архангелск“ и „Северстаљ“.
Третиот таков носач на ракети, модернизираниот „Дмитриј Донски“ ќе остане на служба до 2017 година.
„Одлуката за отпишување на овие подморници е донесена поради финансиски причини. За да се одржува нормалната работа на сите системи на овие подморници потребни се колосални средства. Дури ни нивната модернизација не е економски оправдана“, соопшти извор во министерството за одбрана.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.