На рафинериите во Европа им грози затворање поради растот на извозот на дизел гориво од Русија, пишува The Wall Street Journal.
Според податоците на компанијата ESAI Energy LLC, обемот на извор на дизел од Русија во Северо-Западна Европа порасна до 500.000 барели на ден. Само за споредба - минатата година извозот изнесуваше 300.000 барели на ден. Како резултат на тоа, цените на дизелот паднаа до 865 долари за тон (минатата година изнесуваа 946 долари).
Од 2008 година досега во Европа се затворија 16 рафинерии за преработка на нафта, а производството на сопствено гориво се намали за 10%. Освен тоа, руските произведувачи воведоа нови, современи начини на производство со евростандарди - па сега горивото од Русија може да оди директно на европскиот пазар без никакво рафинирање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче