Паѓа продажбата на нови автомобили во Русија

Падот на продажбите на нови автомобили во април се забрза.

Во април во Русија биле продадени 245.334 нови автомобили - за 8% помалку отколку пред една година, соопшти комитетот на произведувачи на автомобили - АЕБ. За првите четири месеца од 2013 година продажбите паднале за 2% во споредба со првите четири месеци во 2012 година - до 862.298 парчиња.

Рускиот автопазар се движи кон западниот модел, кога автомобилите не се продаваат во големи бројки, и произведувачите на автомобили и дилерите треба да приложат дополнителни сили за да привлечат клиенти во автоцентрите, изјавува главниот директор на „Ролф“, Татјана Луковецкаја. Според неа, „потребно е да се предлагаат не само различни програми за одложено плаќање, туку и проширен спектар на услуги“.

АЕБ прогнозира дека продажбите на нови автомобили во оваа година ќе изнесува 2.935.000 парчиња, речиси исто како и во минатата година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња