Најскапите марки од Русија

Кои руски марки се најдоа во првите сто во светот?

Најголемата руска банка „Сбербанк“ и телекомуникациската компанија МТС влегоа во првите топ-100 светски марки според верзијата на Millward Brown Optimor.

Британскиот комуникациски холдинг Millward Brown Optimor ја објави осмата по ред листа на стоте најскапи марки во светот BrandZ Top 100. Веќе трета година по ред Русија е претставена со две марки - банката „Сбербанк“ и телекомуникацискиот оператор МТС. Во последнава година „Сбербанк“ ја зголеми вредноста за 19% - до 12,655 милијарди долари, а МТС за 11% - до 10,633 милијарди долари.

Овие две руски компании се изделуваат од другите конкуренти со нивното активно инвестирање во развитокот на марката, усовршувајќи ги продуктите и услугите.

Лидерството во овој рејтинг и понатаму го држи компанијата Apple, која ја зголеми својата вредност за 1% - до 185 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.