Руските туристи им помагаат на произведувачите на луксузни стоки

Светскиот пазар за луксузни стоки во 2012 година покажа раст од 10% - достигнувајќи сума од 212 милијарди евра, се кажува во истражувањето на Luxury Goods Worldwide Markets Monitor.

Светскиот пазар за луксузни стоки во 2012 година покажа раст од 10% - достигнувајќи сума од 212 милијарди евра, се кажува во истражувањето на Luxury Goods Worldwide Markets Monitor.

Во услови на стагнација на внатрешната потрошувачка во Европа, руските туристи стануваат сѐ позначаен дел за европските трговци со луксузни стоки.

Русите трошат сѐ повеќе пари во странство - пред сѐ во Италија, Франција и на Блискиот Исток. Со ова, пазарот за луксузни стоки не доживува стагнација во тие земји.

Граѓаните на Русија трошат на своите патувања повеќе од било кои европски туристи, изјави генералниот секретар на министерството за туризам на Грција, Анастасиј Лиаскос. Сето тоа е прашање на менталитет: тие сакаат задоволство и не се плашат да си го припуштат тоа задоволство. Министерот Владимир Медински во март изјави дека во странство рускиот турист (средно земено) троши 2.200 долари.

Во 2012 година Русите во странство потрошиле 43 милијарди долари. Според тој показател, Русија се најде меѓу петте најголеми држави во светот чии граѓани трошат пари во странство. На прво место е Кина со 102 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.