Русија официјално се откажа од приклучувањето кон меѓународната организација „Партнерство за отворена управа“ ("Open Government Partnership" - OGP), иницирано од Дмитриј Медведев во 2012 година - се наведува во пораката објавена на официјалната интернет-страница на оваа организација.
„Потврдуваме дека Русија се повлече од стапувањето во ’Партнерство за отворена управа’“, се наведува во пораката.
Русија официјално поднесе барање за членство во оваа организација за време на првиот годишен состанок на ПОУ во 2012 година во Бразил. Официјалните цели на меѓународното партнерство во рамките на оваа организација се посветени на транспарентноста на власта, вклучување на граѓаните во процесите на државната управа и борбата против корупцијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче