Русија испорача во Венецуела контингент од автомобилите „Лада“

Венецуела ќе дава атомобили на најзагрозените делови од населението.

Русија во Венецуела го испорача првиот контингент од 450 возила од марката „Лада“. Како што е соопштено, овие автомобили ќе се продаваат на сиромашните граѓани во рамките на програмата за давање социјална помош.

Русија и Венецуела во 2010 година потпишаа договор за испорака на 2.225 автомобили „Лада Приора“, „Лада Калина“ и „Нива“. Цената на еден автомобил таа година изнесуваше околу 8 до 9.000 долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња