Путин побара од ФСБ да соработува со полската воена разузнавачка служба

Рускиот претседател Владимир Путин побара од Федералната служба за безбедност да склучи договор за соработка со Воено-разузнавачката служба на Полска.

Рускиот претседател Владимир Путин побара од Федералната служба за безбедност да склучи договор за соработка со Воено-разузнавачката служба на Полска. Соодветниот декрет е објавен на официјалната интернет-страница за правни прашања.

На ФСБ му е наложено да одржи разговори со полската страна и „после усогласувањата да потпише Договор“.

Воената контраразузнавачка служба е едно од крилата на ФСБ. Во Полска специјалната служба од овој вид е под контрола на Министерството за одбрана. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња