„Органите на Федералната служба за безбедност на Русија извршиле акција недалеку од Москва, и како резултат на неа откриле тројца терористи во една куќа на територијата на градот Орехово-Зуево во Московската област“, изјави претставникот на Националниот антитерористички комитет (НАК), Дмитриј Павлов.
Според неговите зборови, терористите се граѓани на Руската Федерација кои дошле од авганистанско-палестинскиот регион, каде поминале низ подготовка за извршување на терористичкиот напад.
„Во текот на акцијата терористите биле опколени, но после барањето да се предадат - тие отвориле оган. Како резултат на оганот, двајца од терористите биле убиени, а еден е задржан. Нема настрадани меѓу цивилите. Лесно е ранет еден припадник на специјалните сили. НАК забележа дека со ова се пресечени обидите да се изврши терористички напад во главниот град. На местото на престрелката работи оперативно-истражна група.“, соопшти претставникот на НАК.
Директорот на аналитичкиот центар на ветераните кои работеле во државната безбедност, Сергеј Кривошеев, во интервју за „Гласот на Русија“ изјави дека во Русија од 200 планирани терористички напади се остварува само еден, и затоа западните специјални служби имаат високо ја оценуваат работата на руските специјални служби.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче