Руската држава треба да поседува само 51% од акциите на „Роснефт“, што ќе дозволи да не се загрозат стратешките позиции. Ваквото мислење го изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, за време на средбата во Сочи со новинарите. Според неговото мислење, државниот пакет може максимално да се намали до назначеното ниво.
Според планот за приватизација, државата треба целосно да излезе од капиталот на нафтената компанија до 2016 година. Минатата година беа продадени 5,66% од компанијата на британската BP, како дел од зделката ТНК-ВР.
„Роснефт“ е најголемата нафтена компанија во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче