Камчатка повторно се тресе

Во Тихиот океан на источното крајбрежје на полуостровот Камчатка се случи земјотрес со магнитуда од 6,4 степени.

Во Тихиот океан на источното крајбрежје на полуостровот Камчатка се случи земјотрес со магнитуда од 6,4 степени. Подземниот удар беше регистриран денес во 6:44 по локално време.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал во океанот на 174 километри источно од Петропавловск-Камчатски. Длабочината на ударот е 40 километри под морското дно. Жителите на Петропавловск-Камчатски почувствуваа земјотрес од 3-4 степени, пренесува ИТАР-ТАСС. Настрадани или материјална штета – нема. Нема предупредување од појава на цунами.

После главниот удар забележани се уште 20 помали удри од со силина од 4,7 до 6,7 степени. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња