Во 55-та година од животот, во населбата Солнечнаја во Ленинградската област почина филмскиот режисер Алексеј Балабанов. Ова го соопшти продуцентот Сергеј Селјанов.
Како што се наведува, режисерот доживеал срцев удар, паднал и починал.
Балабанов ги режираше култните филмови „Брат“ и „Брат 2“, „Војна“, „Руски рулет“ и „Товар 200“. Неодамна самиот зборуваше и најавуваше планови со Емир Костурица да сними филм за младоста на Јосиф Сталин. Последниот филм на Алексеј Балаванов е „Сакам и јас“. Во една сцена на овој филм Балабанов се глуми себеси и својата сопствена смрт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче