Медитеранската ескадрила на руската морнарица се зголеми

Бројот на бродови кои влегуваат во составот на Медитеранската ескадрила на морнарицата на Русија може да се зголеми.

Бројот на бродови кои влегуваат во составот на Медитеранската ескадрила на морнарицата на Русија може да се зголеми заради операциите во Атлантикот, соопшти главниот командант на војската на Русија, адмирал Виктор Чирков.

„Руската морнарица е полноправен учесник во процесот на зајакнување на стабилноста во светскиот океан, вклучувајќи го и Средоземното море. Ова мора сите да го знаат“, изјави Чирков во интервју за новинарите. „Во Средоземното море повремено или редовно се присутни борбени бродови на сите водечки морски држави во светот и нашата морнарица не треба да биде исклучена“, нагласи тој.

Медитеранската ескадрила ќе започне во целост да ја извршува својата функција кон крајот на 2014 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња