Чеченија: околу 30 ученици се пренесени во болница поради труење со гас

Труење со гас во Чеченија.

29 ученици и учителката се хоспитализирани во престолнината на Чеченија, Грозни поради труење од непознат гас, соопштија локалните лекари. Според нивните зборови, настраданите ученици се жалеле на гребење во грлото, главоболки, болки во стомакот, мачнина, отежнато дишење и силна кашлица. Сега нивната состојба е стабилна.

Останатите 235 ученици во училиштето се евакуирани и се пратени дома. Истрагата е во тек. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња