Новосибирските научници развија технологија која на жените ќе им овозможи по пат на мобилен телефон да дознаат кое време е најповолно за зачнување на дете.
Новата технологија го носи името Baby Cloud. Жените кои сакаат да забременат носат во телото посебен сензор кој ја мери температурата на телото, заедно со некои други параметри. Врз основа на резултатите на овие мерења, сензор кој користи Bluetooth технологија праќа информација на телефонот на жената дека овулацијата започнала, како и информација за тоа кое е најповолното време за зачнување.
Цената на овој уред, вклучувајќи ги и услугите на лекарот ќе изнесува околу 100 евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче