Владивосток: отворен е меѓународен саем на туризмот

Во Владивосток е отворен Тихоокеанскиот меѓународен саем на туризмот.

Во Владивосток е отворен Тихоокеанскиот меѓународен саем на туризмот, на кој ќе учествуваат повеќе од стотина компании. Повеќе од половината учесници се претставници на туристичката индустрија во азиско-тихоокеанскиот регион, првенствено од Кина, Јапонија и Јужна Кореја.

Посетителите посебно ги заинтересира презентацијата на Приморскиот океанариум.

Саемот ќе трае три дена. Прв пат саемот се одржува на територијата на кампусот на Далечноисточниот федерален универзитет на островот Руски. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња