Шефот на ФСКН: во неколку региони во Русија растат цените на хероинот

Русија е корисник на авганистански хероин, а не само транзитна земја, изјави директорот на Федералната служба на Русија за контрола на наркотиците, Виктор Иванов.

Русија е корисник на авганистански хероин, а не само транзитна земја, изјави директорот на Федералната служба на Русија за контрола на наркотиците, Виктор Иванов.

„Транзит нема. Тоа уверено го тврдам. Според нашите податоци, авганистанскиот хероин го употребуваат од милион до милион и половина луѓе во Руската Федерација“, ги пренесува Интерфакс зборовите на Иванов за радиото „Ехото на Москва“.

Иванов забележа дека нема раст на количините на хероин дојдени од Авганистан, но нема ни намалување.

„... во некои региони на Русија дури се забележува раст на цените на хероинот, што сведочи за тоа дека има одреден недостаток од овој вид дрога...“, додаде шефот на ФСКН.

Годишно од хероин во Русија умираат околу 100.000 луѓе. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња