САД ќе купат од Русија дополнителна партија хеликоптери за Авганистан

САД најверојатно ќе склучи нов договор со Русија за купување дополнителна партија воено-транспортни хеликоптери Ми-17В5 за Авганистан .

САД најверојатно ќе склучи нов договор со Русија за купување дополнителна партија воено-транспортни хеликоптери Ми-17В5 за Авганистан како дополнување на веќе нарачаните 33 хеликоптера, изјави за РИА Новости во четвртокот претставник од Рособоронекспорт, Григориј Козлов.

„Сега во американските структури се решава прашањето за дополнителни хеликоптери. Сметам дека до крајот на мај ова прашање ќе биде решено, и ние ќе седнеме на преговарачка маса за испорака на дополнителен број хеликоптери“, изјави Козлов.

Тој забележа дека соработката меѓу Русија и САД во овој правец има добри перспективи и покрај „спротивставувањата на некои американски конгресмени“.

САД веќе има склучено договор со Русија за испорака на руски хеликоптери во вредност од 900 милиони долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.