Големиот противподморнички брод „Адмирал Пантелеев“ влезе во кипарското пристаниште Лимасол, соопшти претставник на руската воена морнарица.
На пристаништето морнарите беа дочекани од претставници од руската амбасада и министерството за одбрана на Кипар. За време на четиридневната посета екипажот ќе ги пополни резервите и ќе се запознае со локалната култура и знаменитости.
„Адмирал Пантелеев“ се наоѓа во составот на групата бродови на Тихоокеанската флота и за прв пат во последниве неколку години влезе во водите на Средоземното море.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче