Русија ќе ги покани на самитот во Петербург и претставниците на африканските држави

На самитот на Г-20, кој ќе се одржи во Санкт Петербург, Русија ќе ги покани претставниците на африканските држави.

На самитот на Г-20, кој ќе се одржи во Санкт Петербург, Русија ќе ги покани претставниците на африканските држави, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин веднаш после преговорите со лидерот на ЈАР, Џејкоб Зума.

„Претседателот Зума предложи да ги поканиме во Санкт Петербург претставниците на африканските држави. Сакам да кажам дека ние позитивно го оценивме овој предлог и сме подготвени на самитот на Г-20 да ги поканиме раководителите на Африканската унија“, го цитира Путин РИА Новости. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња