Русија го смета усвојувањето на резолуцијата за Сирија за неодговорен потег

Русија смета дека Генералното собрание на ООН на 15 мај направила неодговорен потег со усвојувањето на оваа резолуција.

Русија смета дека Генералното собрание на ООН на 15 мај направила неодговорен потег со усвојувањето на резолуција со која сириските власти се осудуваат поради користење на тешко вооружување во судирите со опозицијата. Ова од говорницата на ООН го изјави заменикот на претставникот на Русија во ООН, Александар Панкин.

„Ваквите потези се посебно неодговорни и контрапродуктивни во моментите кога Русија и САД постигнаа важни договори за продолжување на заедничките напори да се пронајде мирно решение на меѓународната конференција која би се основала на женевските договори. Меѓународната заедница мора да настапува заеднички, за да можат сите страни да се согласат на дијалог“, нагласи Панкин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.