Русија отсекогаш ги почитувала и ќе ги почитува своите обврски врз основа на договорите за испорака на одбранбено вооружување на Сирија кои се во согласност со меѓународните норми, изјави во Москва портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
Москва повеќепати изјави дека во Сирија не испорачува никакво друго оружје освен одбранбено и дека не го нарушува ниту меѓународното право, ниту резолуциите на Советот за безбедност на ООН.
New York Times, повикувајќи се на анонимни извори од американската влада, соопшти дека Русија испратила во Сирија партија противбродски ракети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче