На мајките со повеќе деца ќе им се гарантира поголема пензија

Руската држава на мајките со повеќе деца ќе им компензира и до 4,5 години од пензискиот стаж.

Руската држава на мајките со повеќе деца ќе им компензира и до 4,5 години од пензискиот стаж. Ова го изјави потпретседателката на владата на Русија, Олга Голодец на Серускиот форум „Русија полна со деца: семејството како еден од столбовите на руската државност“.

Според важечките прописи, жената која отсуствува од работа не добива доприноси во пензискиот фонд, а државата плаќа за максимално три години пензиски стаж, независно од тоа колку деца пораснала. Подигањето на границата на 4,5 години значи дека мајките со повеќе деца ќе добиваат повисоки пензии.

Освен тоа, изјави Голодец, државата планира за мајките со повеќе деца и други ослободувања, на пример, бесплатни студии. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња